44-годишен возач загина во сообраќајка кај клучката „Мирковци“

Возач го загуби животот откако вчера попладне со автомобил излетал од патот на обиколницата Скопје – Тетово, во близина на клучката Мирковци.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека сообраќајната несреќа била пријавена во 15:50 часот.

Патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.П. (44) од селото Сарај, скопско, излетало од коловозот. Возачот починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.