43-годишен тетовец со тврд предмет натепал 14-годишник, а на неговиот брат и другар со остар предмет им се заканил

43-годишен тетовец доби кривична пријава поради физички напад врз 14-годишник, а потоа на неговиот брат и другар со остар предмет им упатил закани.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.Х.(43) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“

На 02.10.2025 во Тетово, пријавениот со употреба на тврд предмет физички нападнал 14-годишник, а потоа на неговиот брат и другар со остар предмет им упатил закани“, се наведува во полицискиот билтен.