43-годишен битолчанец пронајден починат во автосервис

43-годишен жител на Битола бил пронајден починат во автосервис во градот, соопшти полицијата.

- На 28 септември во 9 часот полициски службеници извршиле увид во автосервис на улицата „Македонска Фаланга“, откако претходно било пријавено дека таму бил пронајден починат Ф.Е.(43) од Битола. Лекар од Итната медицинска помош во Битола констатирал смрт без видливи траги на насилство, соопштија од ДВР Битола. 

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта.