42 санкции за брзо возење во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.11.2021) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42, девет санкции за возење без возачка дозвола, шест мерки за возење под дејство на алкохол, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), 30 мерки за непрописно паркирање.

Сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.