41-годишник од Виница крадел струја од Електродистрибуција - ги оштетил за околу 3.000 евра

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против В.М.(41) од Виница.

Како што се наведува во полицискиот билтен, 41-годишниот В.М. ќе одговара кривично поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.

Имено, пријавениот во Виница извршил премостување на мерната опрема, при што преземал делумно или во целост нерегистрирана количина на електрична енергија.

Притоа, на Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје ѝ нанел штета во вкупен износ од 181.972 денари.