Денеска после полноќ во 00:50 часот од страна на полицијата во Гостивар е уапсен 41-годишниот М.Н. од гостиварска Долна Бањица.
Тој бил пријавен од страна на Љ.Л.(61) кој е негов соселанец дека еден час претходно околу 23:30 часот со воздушна пушка пукал кон неговото куче при што го ранил.
М.Н. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.