Основното јавно обвинителство Куманово отвори истрага против 40-годишен жител на Кратово, осомничен дека нападнал двајца полициски службеници, при што на едниот од нив со нож му нанел тешки телесни повреди.

Според Обвинителството, на 11 септември двајца полицајци интервенирале при вршење работи од јавната безбедност поврзани со спречување кривично дело. Откако употребиле сила и ја отвориле заклучената врата од собата во која се наоѓал осомничениот, тој ги нападнал.
При нападот, на еден од полициските службеници со нож му нанел прободна рана и посекотина, квалификувани како тешка телесна повреда.
Против 40-годишникот е донесена наредба за спроведување истражна постапка поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ од член 383 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Поради опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.