40-годишна жена од струшко натепала и ограбила 81-годишен соселанец во неговиот дом

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.О.(40) од струшкото село Октиси, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“.

Како што се наведува во полицискиот билтен, на 28.08.2026 во струшко село, таа физички нападнала 81-годишен жител на селото вo неговиот дом, по што му одзела пари.

По преземени мерки, полициските службеници од ОВР Струга ја пронашле Л.О. и ја лишиле од слобода.