
Ноќеска во 01:30 часот во СВР Скопје Д.К.(40) пријавил дека вчера на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од женско лице, со која се познавале.
Како што се наведува во полицискиот билтен, при нападот, од неговото возило таа му одзела торбичка во која имало пари и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.