40 длабоки прашања кои треба да ги поставите ако сакате да се зближите со некого!

Живееме во време кога се е површно. Површни разговори, површни луѓе, површни односи. Се се сведува на некои плитки теми за времето, ноќниот живот, што ќе се прави викендов и слично, а ретко кој отвора суштински теми.

А без зборувањето за суштинските теми, нема ниту зближување. Затоа и луѓето толку лесно се отуѓуваат едни од други. Затоа што не зборуваат за подлабоки теми. Не мора да се работи само за љубов, истото важи и за пријатели и познаници.

Доколку сакате да ја прекинете серијата на површни познанства, пријателства и врски, следниот пат осмелете се да ги покажете овие прашања кои сигурно ќе ве одведат во малку поблиски димензии.

1. Која е твојата животна филозофија?
2. Кажи една работа која би ја променил/а кај себе?
3. Дали си религиозна или духовна личност?
4. Дали се сметаш себеси за интроверт или екстроверт?
5. Со кој родител си поблизок и зошто?
6. Кој бил најдобриот период во твојот живот?
7. Кој бил најлошиот период во твојот живот?
8. Дали тоа што го правиш сега е тоа што отсекогаш си сакал/а да го правиш?
9. Што прави да се чувствуваш исполнето?
10. Кои се твоите омилени филм и книга и зошто толку ти значат?
11. Што никогаш не би прифатил/а во една врска?
12. Дали повеќе сакаш изглед или памет?
13. Дали би простил/а изневерување?
14. Дали некогаш би споделил/а пасворд со твојот партнер?
15. Кога мислиш дека човек е подготвен за брак?
16. Каков родител мислиш дека ќе бидеш?
17. Што би направил/а кога твоите родители не би го сакале твојот партнер?
18. Која е личноста со која може да зборуваш за се?
19. Дали остануваш во добри односи со бившите?
20. Дали некогаш си изгубил/а личност која ти била блиска?
21. Ако си во лошо расположение, дали повеќе сакаш да бидеш сам/а или сакаш некој да те утеши?
22. Што е за тебе идеален викенд?
23. Дали мислиш дека маж и жена можат да бидат само пријатели?
24. Дали ја судиш книгата според корицата?
25. Дали си конфликтна личност?
26. Кога последен пат имаш скршено нечие срце?
27. Дали би се преселил/а поради љубов?
28. Дали некогаш имаш водено дневник?
29. За што се највеќе благодарен/на?
30. Дали веруваш во втори шанси?
31. Кажи една работа која луѓето секогаш погрешно ја разбираат кај тебе?
32. Што е за тебе совршен одмор?
33. На што те научи твојата последна врска?
34. Што мислиш за он-лајн запознавања?
35. Што би сакал/а да направиш оваа година?
36. Кога си почувствувал/а наплив на адреналин?
37. Која е најлудата работа која си ја направил/а и дали би го направил/а тоа пак?
38. Ако духот од ламбата ви би рекол дека ќе ви исполни три желби, што би посакал/а?
39. За што најмногу се каеш во животот?
40. За што размислуваш кога си сам/а?