4 знаци кои покажуваат дека сте под огромен стрес

Емоционалниот стрес е навистина сериозен доколку трае долго и тој може да се манифестира физички на различни начини.

Ова се 4 многу јасни физички знаци дека сте под огромен стрес.

Недостаток на енергија – стресот не само што влијае на нашиот ум, туку и на нашето тело. Тој придонесува за лачење на хормонот на стресот, кортизол кој ни ја одзема енергијата и не прави постојано уморни. Освен тоа, тоа носи и забрзано дишење и брзо чукање на срцето. Резултатот е голем замор и летаргичност. Доколку не се преземе нешто, тоа може да влијае и на сонот, предизвикувајќи несоница или лоши соништа.

Лоша исхрана – самото лачење коритизол го зголемува апетитот и придонесува за лошо и неконтролирано јадење.

Пад на имунитетот – долгорочниот стрес придонесува за ослободување на кортизол во крвотокот што влијае негативно на многу функции во нашето тело, вклучувајќи го и имунолошкиот систем.

Главоболка – доколку често ве боли главата, а немате проблеми со мигрена, тогаш тоа е предизвикано од долгорочниот стрес.