4 витамини кои треба да ги земате наутро

Витамините и суплементите се одличен додаток на исхраната кои му овозможуваат хранливи материи на нашето тело. 

Освен тоа, тие придонесуваат и за подобрување на варењето, состојбата на нашата кожа и коса, па и подобрување на расположението. 

Ова се најважните 4 витамини кои се важни за нашето здравје.

Омега 3

Масните киселини нудат мноштво бенефити од минимизирање на ризикот од воспаленија до намалување на болката во мускулите. Затоа, рибиното масло е одлично за нашето здравје. Тие придонесуваат и за подобрување на нашиот метаболизам.

Куркума

Една од клучните состојки за нашето здравје е куркумата која има одлични ефекти особено во борбата против воспаленијата. Многу истражувања докажуваат дека земањето куркума како додаток во исхраната придонесува за минимизирање на ризикот од хронични заболувања, подобрување на метаболизмот, како и намалени воспаленија во нашето тело кои се извор на многу болести.

Спирулина

Иако некои луѓе не можат да го поднесат нејзиниот вкус, спирулината е зелен прав кој има одличен ефект на нашето севкупно здравје. Освен што го чува нашиот имунитет, го подобрува нашиот метаболизам и го штити телото од настинки и други болести, таа е важна и за намалување на надуеноста и болката во одредени делови од телото.

Ѓумбир

Ѓумбирот е одличен за болки во стомакот, но и за лесно ослободување од вишокот килограми. Тој исто така придонесува и за намалување на воспаленијата кај пациентите кои имаат сериозни заболувања. Ѓумбирот е богат и со антиоксиданти кои го подобруваат метаболизмот и се одлични за добар почеток на денот.