4 важни карактеристики кои мажот од соништата треба да ги поседува...

Кога сте во потрага по „господинот Вистински“, ќе налетате на голем број мажи кои и не се баш она кое го барате. Тоа е неминовно и ретко која жена „од прва“ го пронаоѓа вистинскиот маж. За да не лутате премногу, еве и четири карактеристики кои можат да ви помогнат при вашата потрага. 

Маж со смисла за хумор

Без оглед колку е мажот привлечен и згоден, вашата врска нема да биде долготрајна ако тој нема смисла за хумор или ако е пресериозен. Освен тоа, мажот кој знае како да ве насмее, ќе ви помогне и вие да не ги сфаќате сите работи пресериозно. А ако се смеете заедно, сѐ ќе ви биде позабавно, без оглед на тоа што правите.

Маж без предрасуди

Луѓе со предрасуди можат да бидат многу тешки. Да се има став за работите е супер работа, но маж кој целосно е затворен за нови идеи и туѓи мислења воопшто не е материјал за излегување. Да се биде во врска со некој кој нема предрасуди значи да бидете со личност која ги прифаќа различните луѓе, идеи и начини на живот. Да се биде со некој таков е многу позабавно отколку да се толерира некој кој мисли дека само неговите мислења и идеи се вредни. 

Маж со соништа

Мажите кои немаат никакви цели или соништа во животот и кои речиси секој слободен момент го поминуваат пред телевизор или во кладилница, се само обични мрзливци. Здрава доза амбиција е одличен квалитет кој треба да го поседува секој маж. Во спротивно, тој само лута низ животот и најверојатно најголем успех му е тоа што отишол да го фрли ѓубрето.

Маж со големо срце

Ако мажот нема душа, без оглед на тоа колку е згоден и успешен, држете се подалеку од него. Барајте маж кој е грижлив, кој е близок со семејството и пријателите и кој сака да им помага на драгите луѓе.