4 состојки во 1 моќен напиток: Лимонада која ги топи килограмите

Ова е освежувачка лимонада која е магичен напиток за губење на вишокот килограми.

Кофеинот го поттикнува варењето, а бидејќи го има помалку од кафето, на овој начин можете здраво да ослабете. Зелениот чај помага во намалување на лошиот холестерол, го забрзува метаболизмот, го регулира нивото на шеќер во крвта и дава чувство на ситост.

Истовремено, витаминот Ц му помага на телото да ги согори мастите, а лимонот е еден од најдобрите извори на овој витамин. Полифенолите од лимонот помагаат во стимулирање на работата на црниот дроб и придонесуваат за исфрлање на токсините и согорување на мастите. Освен тоа, лимонот е богат со природни влакна кои даваат чувство на ситост.

На губењето на тежината помагаат и медот и циметот. Кога се користат заедно, тие придонесуваат за намалување на апетитот, но и забрзување на метаболизмот. Медот има здрав гликемиски индекс од шеќери, така што во организмот влегува постепенот и така придонесува за стабилизирање на шеќерот во крвта. Слично делува и циметот.

Сега замислете ги овие состојки здружени заедно во борбата против вишокот килограми. Пијте ја оваа лимонада секојдневно и забележете ги ефектите.

Потребни состојки:

2 шолји вода

1 кесичка зелен чај

2 лажици мед

кора и сок од 1 лимон

стапче или 1 лажичка цимет

Начин на подготовка:

Во тенџере ставете ја водата и во неа изрендајте ја кората. Додадете го циметот, оставете потоа добро да преврие. Тргнете ја смесата од оган, а потоа во врелата вода ставете ја кесичката зелен чај. По неколку минути додајте го сокот од лимон заедно со медот. Напитокот ставете го во фрижидер, а потоа кога е доволно студен, пијте го веднаш.