4 состојки кои ќе ви помогнат да имате рамен стомак

Не постои магија која ќе ви помогне да изгубите 10 килограми за една недела без да му наштетите на вашето здравје, но пости еден рецепт за здрав и вкусен оброк кој ќе ви помогне побргу да губите килограми.

Ќе ви бидат потребни:

1 дршка од целер
1 краставица
1 чашка исечен магдонос
3 парчиња свеж ананас

Убаво измијте го зеленчукот, а од ананасот отстранете ја лушпата. Ставете ги сите состојки во блендерот и оставете се убаво да се измеша. Не додавајте сол, бибер, шеќер или какви било други состојки. Треба да го испиете пијалокот најмногу за 15 минути откако ќе го направите за да не изгубите од витамините. Пијте го наутро и пијте го најбрзо што можете.

Ако го комбинирате овој пијалок со спорт и здрава исхрана, ќе ги видите резултатите за една недела – вашето стомаче ќе стане порамно.