4 состојки кои ќе ви помогнат да го намалите апетитот

Стресот со кој се соочуваме често предизвикува чувство на глад и претерано јадење, особено кога станува збор за нездравата храна. Па така, слабеењето изгледа како невозможна мисија за некои луѓе.

Но, добрата вест е дека постојат природни состојки со кои можеме да го намалиме апетитот, да го убиеме чувството за глад и да го подобриме нашето здравје.

Храна богата со влакна

Ако сакате да ја намалите потребата за храна, конзумирајте овошје и зеленчук богати со влакна, чиа и лелено семе. Тие го поттикнуваат варењето и го поттикнуваат чувството на ситост.

Зелен чај

Веќе одамна знаеме колку е здрав зелениот чај. Но, катехините кои ги содржи освен што делуваат антиканцерогено, го намалуваат и собирањето на масните наслаги во телото, а со самото тоа придонесуваат и за виткост. 

Етерично масло од грејпфрут

Ова масло содржи антиоксиданти, корисни киселини и ензими кои можат да помогнат во сузбивање на апетитот, подигање на енергијата  и стимулација на работата на имунолошкиот состав. 

Самото вдишување на ова масло придонесува за тоа. Благодарение на неговиот мирис се намалува потребата за храна. 

Зачини

Зачините како ѓумбир, цимет, куркума, каранфилче, бибер го нормализираат нивото на глукоза во крвта, го намалуваат чувството на глад и ја намалуваат желбата за слатки. Лутите пиперки исто така придонесуваат за термогенеза, што значи дека го загреваат телото и придонесуваат за согорување на маснотиите.