4 работи што ги прават Daikin прочистувачите на воздух супериорни

Со новите прочистувачи на воздух, Daikin останува на ветувањето за обезбедување на почиста и поздрава атмосфера во вашите домови, канцеларии и на останатите комерцијални простории. Во нив се вградени најнови технологии кои ги прават овие прочистувачи максимално ефикасни во заробување на штетните честички, отстранување на непријатни мириси како и деактивирање на вируси.

Електростатички HEPA филтер

HEPA филтрите се златен стандард кога станува збор за филтрирање на воздухот. Со електростатички филтер кој се користи во прочистувачите, Daikin оди чекор понатаму. Електростатичкиот ЕПА филтер заробува PM2.5 so 99.97% успешност и притоа не ја намалува ефикасноста на прочистувачот како обичните HEPA филтри.

Flash Streamer технологија

Flash Streamer технологијата е уникатна за Daikin прочистувачите на воздух. Со помош на овој уред вграден во повеќе производи на Daikin (неколку модели на клима уреди и сите прочистувачи на воздух) преку процес на оксидација ги разградува бактериите, мувлата, поленот и спори од мувла кои се заробени во филтерот.

Според последното истражување на Daikin Industries во соработка со универзитетот во Токио и Окајама, откриваат дека по 3 часа озрачивање Flash Streamer технологијата успешно онеспособува 99.97% од SARS-CoV-2.