4 работи кои несвесно ги правите секој ден, а го уништуваат вашето ментално здравје

Нашите мисли ја создаваат реалноста која ја живееме, а потоа нашите зборови и дела. Постојат ситуации во кои сами на себе си поставуваме препреки, а тоа нажалост може да се одрази негативно на нашето ментално здравје.

Еве кои 4 работи имаат лошо влијание на вашето ментално здравје:

Жалење – во ред е да ги споделите вашите емоции со другите, но ако постојано се жалите, само ја таложите негативноста во себе. Според стручњаците, жалењето е дел од емоционалниот одговор на вашето тело. Тоа е начин вашето тело да ги задоволи вашите емоционални потреби. Но, кога премногу се жалите, тоа може да направи поголема штета отколку корист затоа што лесно може да се изгубите во негативни мисли кои влијаат на вашето ментално здравје. 

Зли шеги на своја сметка – одлично е кога човек знае како да се пошегува на своја сметка во одредена ситуација која го дозволува тоа. Но, ако го правите тоа со лоши коментари за себе, за својот надворешен изглед, за своите работни способности, наместо да оставите впечаток на личност која знае да се шегува и ситуацијата да добие сатирична конотација, вие на тој начин се понижувате себе си пред другите. Доколку ова ви стане навика, ова може да биде знак дека во вас лежи длабока негативност и дека немате доволно самодоверба. Ова најчесто го прават луѓето кои се плашат дека ќе добијат негативен коментар од другите, па тогаш почнуваат сами себе да се понижуваат за да не го направи тоа некој друг. Ваквото однесување лошо влијае на самодовербата и менталното здравје воопшто.

Мултитаскинг – ова е една модерна вештина која денес најмногу се цени. Компаниите ги вработуваат оние кои можат да заршат повеќе задачи за да ја зголемат продуктивноста и добивката. Домашните обврски исто така бараат мултитаскинг. Убаво е да се решат многу различни проблеми одеднаш, но мултитаскингот има многу негативно влијание на менталното здравје. Мултитаскингот може да предизвика негативни емоции, раздразливост, стрес, анксиозност.

Лошо држење – иако звучи необично, според истражувањето објавено во списание за бихевиорална терапија и експериментална психологија, лошото држење на личноста влијае на нејзиното расположение. Експериментот покажа дека луѓето со лошо држење често се нерасположени. Тие кои имале добро држење покажале добро расположение и поголема самодоверба. Доброто и исправено држење исто така обезбедува концентрација и внимание дури и во стресните ситуации. Значи, почнете да го вежбате своето држење за да изгледате и да се чувствувате подобро.

Доколку почувствувате дека вашето ментално здравје е нарушено, обидете се да избегнувате ситуации кои се причина за тоа, обидете се да избегнувате луѓе кои се причина за тоа и обидете се да се релаксирате во природа на чист воздух.