4 работи кои ги научив од твојата токсична љубов

Љубовта понекогаш не е едноставна, но таа никогаш не треба да биде напорна за нас и токсична.

Треба да е едноставна.

Секогаш мислев дека треба да ја заслужам твојата љубов. Но, тоа не е вистинска љубов, тоа се само двојни стандарди кои ти секогаш го поставуваше. Личноста треба да биде сакана, а кога немаме доволно љубов за неа, не треба да го трошиме нејзиното време.

Жртвите и компромисот се двонасочна улица.

Јас се откажав од сите нешта кои ми значеа за да бидам со тебе. Се откажав од своите пријатели и семејство, ги жртвував моите соништа. Но, што направи ти? Ниту едно нешто немаше на твојата агенда. Не треба да има победници и губитници во  љубовта, треба само напор за да се направат компромиси за личноста која ни значи.

Љубовта не е само виножито.

Кога имав лош ден, никогаш не сакав да отидам и да ти зборувам за тоа, бидејќи ти секогаш правеше да се чувствувам глупаво. Луѓето треба да бидат сакани и кога минуваат низ лошо. Постојат добри и лоши времиња со кои сите се соочуваме, без оглед на условите во кои функционираме.

Секој има минато.

Јас сакав неколкумина пред тебе и ти сакаше да ме казниш за тоа. Ако не можеме да прифатиме нечие минато, воопшто не можеме да размислуваме за заедничка иднина. Важно е да застанеме на иста страна и да се фокусираме на минатото и на нештата кои ни значат.