4 палави ситуации кои ќе го полудат

Kога станува збор за сексот, има едно правило кое не треба да го заборавите: никогаш не дозволувајте да ви биде досадно. Промените се секогаш добредојдени во сексуалниот живот, а за да направите нешто поинтересно, потребни се малку напори и малку повеќе фантазија.

Станете попалави од вообичаено и разгорете ја страста со помош на некоја од следните „игри“:

„Игра на среќа“

Како? Земете две мали платнени торбички, ливчиња хартија и пенкало. Поделете ги ливчињата на две групи. На ливчињата од едната група напишете глаголи како допри, бакни, лижи, а во другата група напишете делови од телото како усни, гради, стомак, клиторис и сл. Прво дајте му него да влече по едно ливче од секоја торбичка, потоа направете го и вие истото. Извршувајте ги извлечените „наредби“.

За уште поголема возбуда: земете мала рачна светилка (или мобилен телефон) и изгаснете го светлото. Светилката користете ја само за да го прочитате напишаното на ливчето. Откако ќе извлечете, не си кажувајте еден на друг што треба да направите, туку директно започнете да ја извршувате „наредбата“. Возбудата од неизвесноста и очекувањето е дополнителен сексуален стимул.

Бонус: Сигурно ќе откриете некоја нова ерогена зона на вашиот партнер. Ако сте посрамежливи, ова е одличен начин да се опуштите и да пробате работи кои во друг случај не би ги побарале или не би се осмелиле да ги направите.

„Секси изненадување“

Како? Сигурно сте го виделе на филмовите, но е уште поинтересно во реалниот живот. Подгответе го вашето тело за жешка вечер. Нека биде вашата кожа мазна, мека и миризлива. Изгаснете ги сите светла и запалете многу мали свеќи кои ќе му го осветлуваат него патот од влезната врата до собата во која ја планирате вашата средба. Земете неколку парчиња облека и оставете ги како траги кои ќе водат до вас (градникот оставете го последен). Облечете се во секси гаќички и легнете во креветот. Кога тој ќе стигне до вас, сигурно ќе гори од страст.

Бонус: Чекањето ќе ве возбуди и вас. Ќе посакате тој веднаш да пристигне и да ве пронајде.

„Времето истече“

Како? Пред односот, земете кујнски часовник или наместете го вашиот будилник или мобилен да ѕвони по 30 минути (може и нешто повеќе, по ваш избор). Соблечете се целосно голи. Во интервалот што сте го одредиле никако не дозволувајте пенетрација. Дозволени се страсни бакнежи и допири, но одложувајте го самиот акт. И двајцата ќе горите од возбуда до моментот кога ќе истечат 30-те минути.

Бонус: Добивате доволно време за предигра.

„Мистериозна убавица“

Како? Договорете се да се сретнете во бар во кој не сте биле претходно, но знаете дека има интимна атмосфера. Облечете се поразлично од вашиот стил и направете си ја косата поинаква. На пример, ако имате права коса, извиткајте ја, ако имате виткана, исправете ја. Ставете малку повпечатлив кармин и секси фустанче. Пристигнете на средбата 10-15 минути подоцна од договореното за да бидете сигурни дека тој веќе е таму. Седнете до него, започнете да флертувате отворено и правете се дека не го познавате.

За уште поголема возбуда: кога ќе дојдете до него, пуштете ја раката за да се запознаете и кажете лажно име. Откако ќе си ги покажете еден на друг сите техники за флертување, префрлете ја забавата дома.

Бонус: Вие ќе се чувствувате порелаксирано и повеќе ќе флертувате затоа што ќе играте улога, а тој ќе има шанса да си исполни една од машките фантазии – да има секс со мистериозна убавица.