4 најважни лекции на кои нѐ учат децата...

Вистина е дека децата можат да ни покажат како да живееме со полни гради. Тие сѐ уште не се запознаети со постоечките правила и ограничувања, па така ние би можеле да научиме многу од нив. Ова се најважните лекции кои можеме да ги научиме од децата.

Сегашниот момент е единствениот момент кој ни е на располагање

Кога децата прават нешто, тие целосно се посветени на сегашниот момент за разлика од возрасните кои со мислите често летаат кон иднината. Замарањето околу минатото нема да го промени она што се случило. Грижата за иднината само ќе ја влоши ситуацијата.  Единствениот момент кој го имаме е сегашниот и затоа следете го примерот на децата и престанете постојано да анализирате и препуштете ѝ се на сегашноста.

Со фантазирањето ја создаваме реалноста

Децата имаат поинаква перспектива од возрасните. За нив е сосема нормално да си замислуваат снежни дворци кои за момент можат да се претворат во пространи мориња по кои пловат бродови. Возрасните често мислат дека ја надминале таа фаза, затоа што се уверени дека знаат како функционира светот. Својата енергија ја трошат на размислување за новите обврски, стресот, непријателите, сметките... Вистината е дека нашата перцепција зависи од уверувањата, емоциите и мислите. Секој од нас има поинаков светоглед. Затоа, играјте почесто со вашите деца за да го исчистите вашиот ум од грижи и нервози. Тие ќе ви помогнат да сфатите дека ништо не е невозможно.

Не заборавајте да се смеете секој ден

Децата имаат прекрасна способност секогаш да најдат нешто што ги забавува, нешто што ги смее, без оглед на тоа каде се наоѓаат. Следете го нивниот пример и секогаш наоѓајте причина за насмевка. 

Отфрлете ги очекувањата

Децата не очекуваат ништо. Наместо тоа, се радуваат на секое ново искуство на кое му пристапуваат со отворен ум и срце. Дозволуваат животот да ги изненади, дозволуваат околината да ги воодушеви. Интересно им е сѐ околу нив, додека возрасните земаат сѐ здраво за готово.