4 извори на здравје и подобар имунитет

Добриот имунитет е од особена важност за превенција од секаков вид на болести, па доколку сакаме да бидеме здрави, витални и полни со живот, треба да се трудиме да го одржуваме имунитетот на високо ниво.

Храната е една од причините кои директно се поврзани со состојбата на имунитетот. Она што го јадеме влијае врз одбранбениот систем на телото, па затоа треба големо внимание да посветиме на урамнотежената храна која ја внесуваме во организмот, за навремено да бидеме заштитени од инфекции и болести.

Постојат состојки кои покрај тоа што директно влијаат врз подобрување на имунитетот, тие исто така се добри и за здравјето на секоја индивидуа.

Без разлика дали сакате да го подобрите имунитетот или не, внесувајќи ги овие неколку состојки вие му правите огромно добро на вашиот организам, го зајакнувате и го правите да биде здрав.

Што треба да консумирате за да имате добар одбранбен систем?

Здрави протеини - во оваа група на храна спаѓаат пилешкото, телешкото, мисиркиното месо, како и рибата. Големиот процент на витамини и минерали со кои изобилуваат овие состојки нека биде причина за два до три пати во текот на неделата тие да се најдат на вашата трпеза. Особено внимание треба да се посвети на рибата која директно влијае на подобрувањето на имунитетот.

Чаеви - сите видови на чаеви, но првенствено природните чаеви кои се собрани свежи од природата, делуваат на подобрување на имуниот систем на организмот. Богати се со антиоксиданси, минерали и други соединенија кои го чуваат и ревитализираат нашиот организам.

Антиоксиданси - оваа е најбогата група на состојки бидејќи во неа спаѓаат сите видови на зеленчук и овошје. 
Витамините и антиоксидансите кои ги има скоро во сите видови на зеленчук и овошје, особено витаминот Ц, помагаат да го одржат здравјето на ќелиите во организмот и го спречуваат настанувањето на слободните радикали, па затоа свежото овошје и свежиот зеленчук нека бидат ваше секојдневие.

Пробиотици - јогурт, алги, кисели краставички и кефир се состојките кои спаѓаат во групата на пробиотици и чие редовно консумирање е во директна врска со подобрувањето на имуниот систем. Со нивно консумирање имунитетот ќе биде силен и јак, па и здравјето ќе биде на многу високо ниво, а болестите и настинките ќе бидат многу, многу далеку од вас.