4 фази на љубовта, објаснети од науката

Ана и пристапи на својата друга со голема насмевка, велејќи дека е заљубена.

Но, таа се зачуди и кажа:Но, јас не знаев дека се гледаш со некого.

Ана одговори: Да, но вчера се сретнавме.

Веројатно претпоставувате дека тоа што Ана го чувствува не е љубов. Со текот на времето можеби ќе се претвори во љубов, но тоа сега не е љубов. Научниците истакнуваат дека постојат 4 биолошки фази на љубовта.

Привлечност

Го знаете она чувство кога тие  се личноста која ви се допаѓа во собата. Вашето тело се собира, срцето чука побрзо и вашите раце се потат уште пред да се запознаете со нив. Како што ви се приближуваат, вашите зеници се шират и вашата уста се суши.

Во тој момент се случува хемијата. Вашето тело добива сигнал дека сте запознале важна личност. Тоа е она што Ана го чувствувала, но тоа е повеќе поврзано со сексуалната привлечност отколку со љубовта. Во тој момент нашето тело лечи норепинефрин. 

Започнување на врската

Во овој дел започнува сложениот процес. Тоа е моментот кога нашиот мозок треба да одлучи дали ќе се вљубиме во личноста. Во овој период во нашето тело се лачи допамин и окситоцин кај жените, додека пак допамин, тестостерон и васопресин кај мажите. Допаминот се лачи и кај мажите и жените како потенцијал за добивањето на наградата од љубовта. Окситоцинот кај жените се лачи кога тие почнуваат да веруваат. Тоа се ослободува преку прегратките, бакнежите и сексот. Кај мажите пак, васопресинот се лачи преку бакнежите, прегратките и на сексуалното размислување за жената. 

Заљубување 

Истражувачите откриле дека кога ќе се заљубиме, хормоните прават огномет. Тоа особено се случува со кортизолот, пто е причина зошто луѓето не можат да јадат или спијат во овој период. Но, иако многу луѓе тврдат дека се среќни, во оваа фаза владее толкава еуфорија што хормоните на среќата се исклучуваат. Според други истражувачи, вентромедијалниот префронтален кортекст се деактивира во ова време, што е одговор зошто во овој период сме нерационални и понекогаш правиме погрешен суд. Така и можеме да го разбереме значењето на тврдењето дека љубовта е слепа. Во тоа време, не можеме да ги видиме луѓето кои ни се допаѓаат онакви какви што се.

Вистинска љубов

Во оваа фаза се случува стабилноста. Тука настапува смирување на невролошкото возбудување во мозокот. Во овој период, се враќа и критичкото размислување. Но, во оваа фаза се јавува и поврзаноста меѓу двајцата партнери. Невролошки објаснето, ова е еден вид на повисока љубов. Во оваа фаза се развива емпатијата и грижата за партнерот.