4 билки кои ни помагаат да се ослободиме од стресот и вознемиреноста

Според податоците од Светската здравствена организација, секоја трета личност се соочува со стрес во своето секојдневие. 

Вознемиреноста се јавува  во различни ситуации за различни луѓе, но постојат природни начини кои можат да ни помогнат. 

Камилица

На нашето поднебје, камилицата е позната со години како билка која смирува. Едно истражување во 2016 година покажало дека редовната употреба на камилицата, односно екстракт од камилица значително помага во намалување на симптомите на стресот. 

Валеријана

Чајот од валеријана е најчестиот предлог од психолозите како прва помош при состојбите поврзани со стрес, вознемиреност и депресија. Освен тоа, валеријаната е достапна и во облик на таблети и тинктура. 

Кантарион

Според некои истражувања, редовната употреба на кантарионот може да помогне дури и кај оние лица кои патат од посериозна депресија. Оваа билка има смирувачко дејство и помага при непријатните состојби на неспокојство, несоница и вознемиреност.

Ашваганда

Ашвагандата е корен кој се користи во источната медицина, но таа е позната и тука. Најдобриот начин да се консумира е преку тинктура, но постојат и таблети кои имаат слично дејство. Освен што смирува, таа дава енергија и го подобрува расположението.

Сепак, треба да имаме на ум дека комбинацијата на природните лекови со редовната физичка активност е најдобриот начин да си помогнеме кога ќе се соочиме со овие чувства. Освен тоа, треба да се биде претпазлив и при нивната употреба, бидејќи тие пред сè треба да се гледаат како средства за превенција на стресот, а не како начин за помош кога ќе отидеме предалеку. 

Грижата за нашето ментално здравје е еднакво важна како грижата за физичкото здравје.