39-годишен кумановец подолг период физички и психички ја малтретирал мајка си - полицијата го уапсила

Синоќа во 21:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Н.(39) од Куманово.

Од МВР информираат дека 39-годишниот кумановец бил уапсен затоа што претходно околу 17:00 во семејниот дом физички ја нападнал неговата 62-годишна мајка.

Според пријавеното, таа подолг временски период била психички и физички малтретирана од нејзиниот син.