39-годишен гостиварец физички ги нападнал родителите

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера вечер околу 22 часот и 10 минути го лишиле од слобода 39-годишниот гостиварец В.Л..

Tој дваесетина минути пред тоа бил пријавен од неговите родители дека физички ги нападнал, по што бил задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот.