38-годишен возач тешко повреден во сообраќајка

Тешко повреден 38-годишен возач кај село Ропотово. 

На 02.10.2022 околу 11.40 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, кај с.Ропотово, патничко моторно возило „фиат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.И.(38) од с.Дебреште, излетало надвор од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Општата болница во Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.