37-годишен маж падна од моторцикл на магистрален пат

Вчера, на магистралниот пат Охрид – Кичево, на околу 1000 метри пред планински превој Пресека, возач на моторцикл изгубил контрола врз моторциклот и паднал на патот.

Од МВР информираат дека станува збор за триесет и седумгодишниот С.А. од Тетово кој го управувал моторциклот со марка „јамаха“, со тетовски регистарски ознаки.

Според досегашните информации добиени од МВР, возачот С.А. бил пренесен во Специјалната болница „Св.Еразмо“ – Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

На местото на несреќата бил извршен увид од екипа од Полициската станица Охрид.