35-годишно момче почина од корона вирус

Во последниве 24 часа на Инфективното одделение во Битола починале тројца пациенти на возраст од 35, 55 и 73 години од Битола и битолско. Со ова, вкупниот број на починати лица во Битола од почетокот на епидемијата изнесува 61 лице.

Денешниот број на хоспитализирани пациенти во регионалниот ковид-центар во Битола е 76.

Според вчерашниот извештај на Министерството за здравство во Битола беше регистрирана бројка од 51 заразен со Ковид 19. Бројот на оздравени пациенти беше 28, додека пак бројот на активни случаи се искачи на 738.