35-годишна жена е тешко повредена во сообраќајка

35-годишна жена е тешко повредена во сообраќајна несереќа. 

На 04.12.2022 во 16.50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистрален пат Гостивар-Кичево, кај „Новоселски мост“, патничко возило ,,фолксваген т-рок“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.К.(35) од Република Косово, со место на живеење во кичевска Грешница, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.К.К., констатирани во болницата во Гостивар, информираа од полицијата. 

Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.