35-годишна жена била физички нападната во Гази Баба

Вчера триесет и пет годишна жена била физички нападната од маж во општина Гази Баба.

Според информациите од извештајот на Министерството за внатрешни работи (МВР), напаѓачот е познат и се работи за лицето Б.Ѓ. на возраст од дваесет и пет години. Во извештајот не е наведена причината за нападот.

Од Министерството информираа дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.