35-годишен велешанец ограбил гаража на негов сограѓанин - полицијата го уапсила

Вчера во 18:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ј.А.(35) од Велес.

Како што се наведува во полицискиот билтен, тој се сомничи дека од гаража, сопственост на 50-годишен велешанец, одзел предмети.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот.

Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.