35-годишен неготинец во банка се заканувал на мајка си, па натепал полицаец - го спровеле во здравствена установа

Вчера во 13:00 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода И.П.(35) од село во неготинско.

Како што информираат од МВР и според пријавеното, тој во филијала на банка во Неготино ѝ се заканувал на неговата 66-годишна мајка.

Исто така, тој физички нападнал полициски службеници, кои вршеле службени дејствија.

„И.П. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител, по што И.П. бил спроведен во здравствена установа“, посочија од МВР.

Од таму додаваат дека по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.