Вчера, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово, привеле едно лице на возраст од триесет и пет години кој се барал за издржување на затворска казна.
Според информациите добиени од МВР, станува збор за лицето И.М.(35) од Куманово. Тој, исто така, се сомничи дека е сторител на кривично дело „изнуда“, а при приведувањето кај него била пронајдена и марихуана.
И.М. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.