35-годишен кумановец приведен во Гевгелија, физички го нападнал малолетниот син на партнерката

35-годишен маж од Куманово е лишен од слобода во Гевгелија по пријава дека физички го нападнал малолетниот син на неговата вонбрачна партнерка.

- На 04.10.2026 во 23:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Б.Р.(35) од Куманово. Според пријавеното, околу 21:30 часот во домот во кој престојувал во Гевгелија, физички го нападнал малолетниот син на неговата вонбрачна партнерка, известија од полицијата. 

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.