34-годишна велешанка преку интернет се заканувала на несудената свекрва

Вчера во 15:30 часот, полициски службеници од СВР Велес извршиле службен разговор со 31-годишната Д.Р. од Велес.

Како што се наведува во полицискиот билтен, службениот разговор со 31-годишната Д.Р. бил извршен постапувајќи по претходна пријава од 59-годишна велешанка дека Д.Р., која била поранешна вонбрачна партнерка на нејзиниот син, телефонски и преку апликација на социјална мрежа ѝ упатувала закани.

Известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.