Триесет и четиригодишен прилепчанец со иницијали А. Е. е лицето кое вчера попладне починало од удар од гром во селото Мажучиште, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Тој бил пронајден кај местото Кисела Вода во атарот на селото, по што на местото интервенирала екипа на Итната медицинска помош, која констатирала смрт.
Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола, утрово информираа, дека преку 112 во ЦУК вчера во 17.39 часот, била добиена пријава за починато лице за коешто јавувачот известил дека најверојатно е погодено од гром во село Мажучиште, општина Прилеп.