335 илјади македонски пензионери ќе добијат повисоки мартовски пензии - еве за колку

Министерот за труд и социјална работа, Ѓоко Велковски на прашањето дали се почнати некакви пресметки за раст на мартовските пензии, кажа дека се добиени податоци од Завод за статистика, кои точно по формула треба да се пресметаат, но не сакаше да прецизира во кои рамки би било покачувањето.

„Започнати се и ќе се пресметаат согласно закон, оној процент за нивната минимална пензија“, кажа министерот и додаде дека ќе излезат со конкретни бројки за да нема шпекулирање меѓу граѓаните.

Во април околу 335 илјади корисници на пензија ќе добијат поголема сума на своите сметки.

Усогласувањето ќе зависи откако ќе излезат официјалните податоци од Државниот завод за статистика, колкави биле трошоците за живот и колкава е просечната плата.

Усогласувањето на пензиите е обврзно за било која полтичка гарнитура и тоа мора да се случува два пати годишно.