33 работи кои секоја жена би требало да ги направи барем еднаш во животот

Животот е толку краток и изгледа дека сакаме да направиме толку многу работи за толку малку време.

Некои од тие работи се подразбираат, но има работи кои треба да ги направите барем еднаш во животот, работи кои ќе донесат свежина во вашиот живот.

Еве кои се тие:

Одете на патување со најдобрата другарка.

Обојте барем еден прамен од косата во некоја необична боја.

Ако имате долга коса, барем еднаш скратете ја драстично – косата расте.

Простете некому.

Одете сама на патување.

Јадете го десертот за доручек.

Одете на масажа по некој стресен ден.

Одете сама на вечера.

Прифатете некаков физички предизвик.

Отидете на кик-бокс.

Зборувајте пред поширок аудиториум.

Живејте сама.

Потрошете голема сума пари на нешто што навистина го сакате.

Чувајте домашно милениче.

Купете јадење за некој кому навистина му е потребно.

Научете да ги сакате работите кои некогаш не сте ги сакале.

Пронајдете некоја фраза или мисла која ќе биде ваше мото.

Направете нешто што ве плаши.

Потрошете повеќе пари на одмор отколку што сте планирале.

Пробајте нови јадења.

Изедете колач, сладолед или нешто благо без да чувствувате грижа на совест.

Пејте на караоке.

Најдете некој ресторан, некое кафуле и некоја книжара и бидете најредовни гости/муштерии.

Напишете писмо и пратете го на некој кој го сакате.

Отидете на психолог, макар еднаш.

Најдете си хоби.

Аплицирајте на неколку работни места иако сте свесни дека не сте квалификувани.

Бесрамно отидете на некој концерт иако знаете дека друштвото ќе ве зафркава поради тоа.

Отидете на одмор без да го користите телефонот.

Научете да готвите едно јадење по кое сите ќе ве знаат.

Ризикувајте на работа дури и ако другите мислат дека сте луди.

Дајте отказ ако не сте среќни онаму каде што работите.

Збогувајте се со луѓето кои ви ја црпат позитивната енергија од животот.