32-годишен скопјанец тешко повреден од струен удар во Куманово

32-годишен скопјанец доживеал силен струен удар додека извршувал работни задачи во Куманово. Инцидентот бил пријавен вчера попладне, по што повредениот итно бил пренесен во болница.

Според полицискиот извештај, несреќата се случила на улица „100“ во дворно место сопственост на кумановецот Д.Н.

- Вчера во 16:50 часот во СВР Куманово било пријавено од лекар од Итна медицинска помош дека кај нив бил донесен повредениот Б.К. (32) од Скопје. Тој се здобил со повредите додека работел во дворно место, информираат од СВР Куманово.

По укажаната прва помош, поради сериозноста на повредите, Б.К. е префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје на понатамошно лекување.