
Вчера во 18:50 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.Ј.(32) од Скопје.
Како што се наведува во полицискиот билтен, тој бил приведен по претходна пријава дека физички го нападнал Е.Ј.(43) од Скопје и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.