312 активни ковид случаи во Скопје

Од направени 735 тестови, во изминатото деноноќие регистрирани се 105 нови случаи на корона вирус, од кои 78 се во Скопје.

Во моментов активни се 312 ковид случаи во Скопје. 

Од почетокот на пандемијата во главниот град се заразиле вкупно 161.398 лица. 

Изминатиот ден, согласно податоците од надлежните, оздравеле 32 лица од Скопје. 

Досега во земјата се направени вкупно 2.168.892 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.880, бројот на оздравени пациенти е 332.855, на починати е 9.534 а бројот на активни случаи изнесува 491.