
31-годишен мопедист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на улицата „Димитрие Чуповски“ во Скопје.
Според информациите од МВР, несреќата била пријавена вчера околу 15:45 часот, а во неа учествувале патничко возило „опел“, управувано од 59-годишниот Г.Ј. од Скопје, и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од 31-годишниот М.Б. од Скопје.
Во судирот, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Јавната здравствена установа „Свети Наум Охридски“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.