Починатиот ловџија 31-годишниот Иван Камчев, во атарот на селата Лесковица и Пиперово, животот го загубил несреќно, пренесува штипската телевизија Стар.
Според неговиот татко, кој случајот го пријавил на операторот 112 , несреќата се случила во момент кога неговиот син бил нападнат од дива свиња, додека ги напасувал кравите. При пукањето тој се самоповредил и бил пронајден во бессознание од неговиот татко. Подоцна од страна на итната мрдицинска помош е констатирана смрт.