
Во 12:05 часот од Плоштадот „Македонија“ тргна 30-от протестен „Марш за ангелите“.
Како што наведуваат организаторите, маршот има за цел да ја потсети јавноста на потребата од упорна и сплотена борба за правда.
Маршрутата опфаќа движење од плоштад „Македонија“, покрај Собранието, до Основниот кривичен суд – Скопје.
„Не сакаме милост, туку вистина и правда. Болката е наша, но борбата е за сите. Ни треба вашата поддршка“, порачаа родителите, повикувајќи на масовно учество.
Во меѓувреме, Кривичниот суд, Обвинителството и Адвокатската комора соопштија дека ќе преземат сите потребни мерки за непречено и ефикасно спроведување на судењето за случајот со пожарот во „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а околу 200 беа повредени.