30 работи кои треба да му ги кажете на вашиот помал брат

Понекогаш едноставно не ги кажуваме работите кои навистина ги мислиме за нашите помлади браќа. Тие растат пред нашите очи. Со нив имаме толку многу интересни спомени. Тоа се случува толку бргу што не е за изненадување што забораваме да им ги кажеме овие мали потсетници...

Се зафркавам кога ти велам да пораснеш.

Супер си и ваков каков што си.

Извини за сите моменти кога сум ти го земала дуксерот... ама навистина е удобен.

И кога бевме мали кога се тепав да седам на предно седиште.

И за сите моменти кога те посрамував пред другарите.

И кога не ти го давав далечинското и јас одлучував што ќе гледаме

И кога не можеше на раат да си играш компјутерски игри затоа што ти се качував на глава.

Ама досадно ми беше и сакав да се дружиме.

И сите оние прекари...

Извини, само сакав да те нервирам.

И да, лажев кога ти викав дека ти попуштам во сите игри кои ги игравме.

Секогаш си победуваше чесно.

Можеби и затоа си толку добар во сѐ што правиш...

И ти простувам за сите случаеви кога...

...го јадеше последното колаче.

... твоите пријатели намерно ме буцкаа за да ме нервираат.

... неочекувано ми улетуваше во соба.

...за сите моменти кога ми ги земаше работите без да ме прашаш, а потоа се преправаше дека никогаш и не биле мои.

Чекај, изгледа тоа бев јас. Ок, одиме понатаму.

И јас би го правела истото.

Секогаш посакував да бидеш моја минијатурна верзија.

Но, ти секогаш беше свој.

И токму тоа е она што ме прави толку горда што сум твоја сестра.

И знам дека во животот ќе ти се случуваат големи и важни работи.

Но, каде и да одиш, не заборавај дека секогаш ќе ти го чувам грбот.

До некаде може да се каже дека и јас те израснав.

Но, највеќе сакам кога сме соучесници во нешто.

Разликата меѓу мене и нашите родители е во тоа што кога јас те посрамотувам...

...тоа е скрос намерно. :D

ТЕ САКАМ!