30-годишник тешко повреден во сообраќајка во скопски Карпош

 

30-годишен скопјанец е тешко повреден во сообраќајка што се случила вчера попладне во Скопје. 

- На 14.04.2026 околу 15:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Скупи“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(55) од Тетово и мотоцикл „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.А.(30) од Скопје, информираа од МВР во дневниот билтен. 

Според податоците од МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.