
Вчера во 15:25 часот, во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат Струмица-Валандово, патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот Н.В. од село Раборци, струмичко, излетало од патот.
Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Струмица.