
Вчера во 19:20 часот во Велес полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Т.(30) од Велес.
Како што се наведува во полицискиот билтен, 30-годишниот С.Т. бил уапсен постапувајќи по претходна пријава дека на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес, по кратка расправија, упатил закани на А.Ј.(24) од Велес и неговата сопруга М.Ј., при што употребил остар предмет.
С.Т. бил приведен во полициска станица, а предметот бил пронајден и одземен.
Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.