30 брутални вистини коишто треба да ги знаете за карактерот на Скорпиите

Скорпиите се луѓе со силна волја, мистична природа и умеат без многу напор да го привлечат туѓото внимание, бидејќи ги поседуваат идеалните карактеристики за постигнување на посакуваните цели.

Претставниците на овој знак се силни, независни, забележливи, дарежливи, полни со љубов и ослободени од предрасуди. Познати се по нивната посесивност и љубомора, но од друга страна тие се екстремно лојални личности. Најдобриот совет кога станува збор за односот со Скорпија, е да бидете искрени со неа. Доколку им ја кажувате вистината, ќе стекнете неверојатен пријател којшто никогаш нема да можете да го заборавите, секогаш ќе ви биде лојален и никогаш нема да ви дава лажни ветувања.

Прочитајте ги и следниве 30 брутални вистини за карактерот на Скорпиите:

1. Не им поставувајте глупави прашања, бидејќи за возврат ќе добиете многу саркастичен одговор.

2. Скорпиите ги чувствуваат нивните емоции премногу длабоко. Секој збор, постапка, позитивна или негативна енергија, допира силно во нивните срца.

3. Скорпиите се одлични набљудувачи, но ги чуваат стекнатите информации само за себе. Се придржуваат до основните нешта, коишто ги чуваат во некој дел од мозокот.

4. Можеби е тешко е да ги запознаете Скорпиите, но невозможно е да ги заборавите.

5. Тие умеат да бидат полни со разбирање, но нема да имаат толеранција за вас ако веќе ви дале можност да ја кажете вистината, а вие сте продолжиле да лажете.

6. Скорпиите се интроверти, но умеат да се социјализираат исто како и екстровертите.

7. Никогаш немојте да си поигрувате со емоциите на Скорпијата, бидејќи тоа ќе му дојде исто како да си играте со ѓаволот.

8. Скорпиите сметаат дека не треба да ви се извинуваат за нивната брутална искреност, па затоа подобро ви е или да ја прифатите или сосема да си заминете.

9. Ако некоја Скорпија ви е сериозно лута, немате никаков излез од таа ситуација.

10. Можеби понекогаш Скорпиите ви делуваат параноично, но имајте на ум дека нивната интуиција за другите луѓе, никогаш не е погрешна.

11. Се прашувате што е тоа што Скорпијата тотално не може да го поднесе? Тоа се ситуациите во коишто луѓето ја напаѓаат и обвинуваат за нешто, наместо да ја прифатат одговорноста за нивните сопствени постапки.

12. Скорпијата е еден од најреалните знаци во Зодијакот.

13. Скорпијата не успева да ја задржи устата затворена, ако не се согласува со вас околу нешто.

14. Кога имаат лош ден, Скорпиите се однесуваат како да не се грижат за никој и ништо во светот.

15. Имајте на ум дека никогаш нема да успеете да изманипулирате Скорпија. Таа е махер во обратна психологија.

16. Скорпиите сакаат да поставуваат многу прашања, но не бидејќи се особено љубопитни туку затоа што сакаат да ве уловат неподготвени во вашите лаги.

17. Ќе знаете дека ѝ се допаѓате на Скорпијата, кога тој или таа ги споделува неговите/нејзините планови со вас.

18. Нивната најголема маана, е што знаат да им се „истурат“ на погрешни личности, во главно на невини лица.

19. Тие плачат, но никогаш во присуство на други луѓе.

20. Скорпиите знаат како брзо да ги разлутат другите луѓе. Тие знаат што точно да ви кажат, за да ви ги „притиснат“ копчињата, а истовремено да го одржат нивниот ум во спокојна состојба.

21. Родените во знакот Скорпија, се единствено заинтересирани за долги љубовни врски или брак. Површните, кратки, безначајни авантури за нив немаат никаква вредност.

22. Скорпиите ретко бараат помош од некој друг, само кога им е ужасно потребна.

23. Скорпијата ја цени вистината, без разлика колку и да ѝ е болно да ја слушне.

24. Глупавоста и непромисленоста страшно ја иритира.

25. Тие не се плашат од непознатото, бидејќи самите тие се претставници на непознатото.

26. Воопшто не ги импресионираат скапи работи. Тие не гледаат логична причина за купување такви предмети.

27. Скорпијата секогаш ќе се чувствува дека е сама и погрешно сфатена.

28. Што ги прави Скорпиите среќни? Да најдат некој којшто целосно ги разбира и не мисли дека се луди.

29. Многу луѓе може да мислат дека претставниците на овој знак се злобни, но ако подобро ги запознаете, ќе дојдете до заклучок дека се многу симпатични, мили и емотивни суштества.

30. Скорпијата не знае како да се преправа дека е нешто што не е и никогаш нема да ви глуми.